Груевски пред Аплециониот суд, си го бара пасошот
Денеска во 14 часот ќе се одржи јавна седница во Апелациониот суд на која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговата одбрана ќе треба да аргументираат зошто Судот треба да му го врати пасошот, којшто му беше одземен како превентивна мерка за предметот „Титаник“, по барање на Специјалното јавно обвинителство.Оваа седница доаѓа по неговото барање да се преиспита дали треба да му биде вратена патната исправа, како што бараше од Кривичниот суд.
Пред повеќе од еден месец, Груевски поднесе барање до скопска единица да му биде вратен пасошот бидејќи еднаш веќе била воспоставена таква пракса, со неговиот политички противник Зоран Заев, кога пасошот му бил вратен на негово барање, дека како лидер на опозиција мора да излегува од земјава поради службени патувања.
Обвинителите на Катица Јанева бараа притвор за Груевски како обвинет за изборни нерегуларности во предметот „Титаник“.
Но, Судот одлучи да му го одземе пасошот и му даде обврска да се јавува еднаш неделно во Кривичен за да го потврди своето присуство. Тој во изјава за медиумите неодамна рече дека мерката за докажување на присуство е политичка деградација.
Освен Груевски пасошот од судот си го бараше и неговиот братучед Сашо Мијалков обвинет во предметот „Таргет – Тврдина“, но засега нема закажано јавна седница за него./24 вести