Трајковски: Не бев да го посетам Груевски, туку да се лекувам во Будимпешта
Александар Трајковски, кој беше на посета кај експремиерот Никола Груевски во Будимпешта, утрово ги избегна новинарските екипи и не одговори на ниедно прашање.Тој дојде 20-ина минути пред денешното рочиште за судењето за предметот ,,Насилство” на СЈО.
Предметот е во фаза на доказна постапка со сослушување сведоци.
Трајковски беше неколку дена во посета на експремиерот кој е во бегство и доби азил во Унгарија. За посетата се дозна откако на социјалните мрежи се појави фотографија на Груевски како се шета низ Будимпешта, а на која може да се забележи и Александар Трајковски, еден од обвинетите за случајот „Насилството во Општина Центар“, инаку советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба.
Како што тогаш информираа извори од царина, царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од Царинската управа.