ВИДЕО: Сиромашните во земјава ретко стигнуваат до правдата
Сиромашните во земјава ретко стигнуваат до правдата во судските палати. Придобивките од Законот за бесплатна правна помош тешко можат да ги искористат, а на новиот се чека речиси една година, бидејќи од страна на невладините имаше бројни забелешки, по што ресорното министерство го повлече и е на дополнителна доработка. Во меѓувреме здружението на млади правници им помага на социјално ранливите семејства
Адвокатот Панче Докузов забележува дека социјално ранливите семејства не помислуваат да покренат судски постапки, заради судските такси,коишто мора да ги платат
Според Докузов во изработката на новиот закон за бесплатна правна помош треба да се вклучат адвокатите, коишто ќе ги пренесат своите искуства. Смета дека на законите треба да работат екпсерти и практичари од самата фела, а не некој да ги препишува од некои од европските земји. Закон за бесплатна правна помош почна да се применува пред осум години. Одребите се рестриктивни и реално на помош може да се надеваат одвај 18.000 граѓани од државата.