МАКЕДОНЕЦ добил БИЗНИС ИДЕЈА од ИНТЕРНЕТ и денес заработува по 7.000€

Горан Стојаноски од Прилеп со овој бизнис започнал да се занимава пред само неколку години, а откако ја изградил својата фарма за одгледување тој заработува и до 7.000 евра на годишно ниво, пишува vrabotuvanje.com.mk.

Се работи за бизнис за одгледување на полжави, а оваа идеја ја добил преку неговите истражувања кои ги направил на интернет. Како што вели тој за порталот Фактор.мк, со овој бизнис првично започнал пред 7 години, на својата 22 годишна возраст. Идејата ја добил преку интернет, а во прилог му одело и тоа што во село Галичани веќе била отворена првата фарма за полжави во прилепско, па така тој поразгоравал и земал по некој совет од сопственикот.

Како што кажува Горан, бизнисот со одлегување на полжави не е премногу лесен, но носи сериозна заработка. “Како и секоја друга дејност, и одгледувањето на полжави бара напор и труд бидејќи се работи за нешто што не е вообичаено за нашите простори. Меѓутоа, денес преку интернет се е полесно па така можете да научите доста работи и од таму. Јас идејата ја добив од таму, а учев од различни веб страници, книги на друг јазик и слично“, вели тој.

zarabotka2

За да успеете во овој бизнис потребно е да бидете истрајни на долг рок. Јас успеав благодарејќи и на мојата посветеност и долготрајните секојдневни анализи кои ги правев околу растот и развојот на полжавите.

Тој додава дека откуп за полжавите имало без проблем, но проблемот бил во начинот на одгледување и производство. Зависно од моделот на производство, може да се заработат околку 7.000 евра на 5 декари површина.

“Моето лично мислење е дека има профит во оваа дејност. Се поголем е бројот на луѓето кои се заинтересирани за започнување на овој бизнис – тоа го докажуваат и бројните пораки на мојата фејсбук од луѓе кои бараат подмладок.

Translate »