4 грешки кои ја попречуваат празничната диета

“Ќе почнам диета по Нова година!” Оваа реченица си ја повторува речиси секој човек и тоа секоја година. Некои се обидуваат, но прават голем број грешки кои им приредуваат лоша шега. Во најмала рака диетите кои ги почнувате по празниците едноставно не даваат ефект, ако не друго.
Кои се најчестите грешки кои ги дозволуваме при постпразничната диета и како тие ни пречат да успееме во остварувањето на идеална фигура?
Јадеме храна која не ја сакаме
Да го форсираме организмот да прифаќа нешто што органски го мрази, е грешка. Не го правете тоа. Телото и мозокот ќе се постават непријателски кон овие производи, што на крајот нема да даде никаков ефект. Ова е една од најголемите причини диетите да не даваат резултат. Сепак свеста е директно поврзана со работата на органите и системите и мачењето го дава своето штетно влијание.

Очекувате неостварливи резултати
Непознато е зошто луѓето си поставуваат недостижни цели во диетите и многу често навистина веруваат во нив. Природно, разочарувањето доаѓа многу наскоро потоа, а по него и качувањето на уште повеќе килограми. Се опуштите ли еднаш, јо-јо ефектот е неповратен.
За да не сте разочарани од диетата која сте си ја определиле со доаѓањето на новата година, потребно е пред тоа сериозно да се разгледаат трезвено резултатите и очекувањата.
Не го предвидувате менито во перспектива
Една од работите кои не тераат да се прејадуваме по празниците, а и во принцип, е недостатокот на јасен план што ќе јадеме во текот на целиот ден. За да успеете да ја запазите исхраната важно е да си зацртате план за следните менија, кој строго ќе го следите. Така ќе ви биде полесно и на вас самите, бидејќи нема да се прашувате што точно ќе јадете кога сте надвор.
Уште полесно е не само да се разгледа менито, туку и да го подготвите дома и да го понесете со себе на работа .
Немате резервен план за акција во моменти на слабост
За да биде една диета успешна никогаш не треба да подлегнувате на искушенија. Исхраната од стрес е најголемиот непријател на успехот во слабеењето. Затоа секогаш треба да имате резервен план кој ви помага да се борите со искушенијата.
Однапред помислете добро какви закуски може да си дозволите во моменти на слабост и придржувајте се само кон нив.

