Мамо не ме оставај сам! Сурово казнување на 10 годишно дете стана вирално!
“Мамо никогаш повеќе нема да го направам тоа!”, плаче детето на снимката. Сепак, мајката нема милост и не го пушта во колата. Таа влегува во автомобилот и трга, а момчето се качува на задниот браник, плашејќи се дека мајката ќе го остави. Мајката закочува и го брка синот за да го истепа со чадорот. Сцената се повторува, а детето плачејќи и молејќи ја да му прости, пак се качува на задниот дел од автомобилот.
Снимката стана вирална, а за случајот се заинтересира и полицијата. Според полицискиот извештај, мајката , тој ден, со трите деца била во посета на зоолошката градина, но одлучила да се врати порано затоа што почнало да врне.
Најголемото од децата не сакало да си оди дома, по што започнала кавгата. Мајката му се заканила дека ќе го остави сам во паркот бидејќи е непослушен. Инцидентот сега го истражуваат и социјалните служби. Во меѓувреме, 10 годишникот е казнет и од татко му, кој го натерал момчето да трча 2 километри по дожд затоа што ги закачал децата во училишнио автобус. Ваквите воспитни мерки не се реткост во Тајван.