Пукање во Мала Речица, тројца повредени

loading...

Пукање имало во Речица, Тетово, при што тројца се повредени, двајца полесно и еден тешко, пишуваат медиумите на албански јазик.

Тони Ангеловски од МВР, за Алмакос потврдува дека имало пукање од огнено оружје и дека во болницата во Тетово биле испратени да добијат лекарска помош, две повредени лица.

Директорот на болницата во Тетово за Алмакос вели дека добиле двајца повредени, а третиот е упатен во Скопје.

Според непотврдени информации, инцидент се случил меѓу функционери на ДУИ од Скопје и Куманово.

Translate »