Пита со мелено месо и компир
СОСТОЈКИ:
- 1 среден компир
- 1 лажичка масло
- 500 гр мелено свинско месо
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- малку цимет
- малку мускатно оревче
- бибер
- сол
- 100 мл бујон
- 400 гр лиснато тесто
- 1 јајце
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Излупете го компирот, исечкајте го на коцки и гответе додека не стане мек, а потоа испасирајте го.
- Во тава на масло испржете сечкан кромид и мелено месо. Кога месото ќе поприми браун боја, додајте лук, зачини, супа, бибер, сол. Сè добро измешајте, тргнете од шпорет, додајте пире од компири и оставете да се излади.
- Во кружен плех ставете половина од тестото така што рабовите ќе илегуваат. Ставете фил, поклопете со друга половина од тестото и добро затворете ги рабовите. Избоцкајте ја површината со вилушка, а потоа премачкајте со разматено јајце.
- Печете во загреана рерна околу 30 минути.
Gotvi.mk