Секс или трчање, што е подобро за согорување на мастите?

Поголемиот дел од луѓето најчесто имаат проблеми со нивната тежина, па кога треба да се изгубат тие неколку килограми вишок, буквално се обидуваат на секаков можен начин да го направат тоа. Диети, пилатес, аеробик, пливање и трчање, но тука спаѓа и сексот како една од најинтересните активности, исто така познат како добар согорувач на мастите. Па да погледнеме што е подобро.

Мускулите за време на сексот се толку многу активни што сексот може да се смета за една умерена вежба. Некои истражувања покажуваат дека доколку сексот трае 25 минути, мажите согоруваат 4,2 калории по минута, а жените 3,1. Доколку, со иста минутажа трчаат, жените согоруваат 7,1 калории, а мажите 9,2.

Тоа значи дека трчањето е подобро што не треба да не чуди, но исто така неверојатната количина на енергија која се троши за време на сексот е приближна на брзото одење, така што и сексот е еден вид одлична вежба! Секако, сексот не треба во целост да го замене пешачењето, така што добро би било да ги комбинирате и двете работи.

Едно истражување покажало дека рекреативците имаат поактивен сексуален живот, за разлика од оние кои не вежбаат. Секој десетти човек кој трча има секс најмалку еднаш во денот, а 3 % од нив дури и два пати дневно.

 

Translate »