Гордана Јанкулоска до Никола Груевски: лесно е да се зборува за состојбите во Македонија кога си далеку со стотици километри од земјата
Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по објавата на Facebook статусот на поранешниот премиер Никола Груевски реагираше на својот профил на оваа социјална мрежа со став дека е лесно да се зборува за состојбите во Македонија кога си далеку со стотици километри од земјата и притоа да се амнестираш себе си за сите проблематични одлуки и испуштени шанси.
Кога си далеку од проблемите, на 800км од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при…
Posted by Гордана Јанкулоска / Gordana Jankuloska on Четврток, 10 јануари 2019
– Кога си далеку од проблемите, на 800 километри од Македонија лесно е на социјалните мрежи да кажуваш што е лесно а што не е, при тоа амнестирајќи се од сите проблематични одлуки за кои секогаш одговорен е некој друг и игнорирајќи ја реалноста дека Македонија е таму каде што е денес, меѓу другото и заради бројните испуштени шанси во минатото, напиша Јанкулоска на својот Facebook профил.
Течат последните часови до промената на Уставот заради Преспанскиот договор и промената на името, идентитетот,…
Posted by Nikola Gruevski on Четврток, 10 јануари 2019