Катица Јанева-мерката притвор за осомничените Сашо Мијалков и Орце Камчев e укината поради нови докази
Шефицата на СЈО, Катица Јанева, во вечерашното гостување на 1ТВ одговори на прашањето зошто е укината мерката притвор за осомничените Сашо Мијалков и Орце Камчев во предметот „Империја“ и заменета со мерка куќен притвор.
СЈО води предистрага и за други „бомби“ на „слободниот пазар“ – СЈО во „Правда и неправда“
-Будно ја следам таа истрага, како најкомплексна. Сметав дека во тој момент треба да покажеме добра волја. Дебатирано беше меѓу нас колегите во СЈО, дека треба да биде побаран куќен притвор. Напоменувам тоа можеше судот да не го прифати, но сепак го прифати. Нивните адоквати уверуваа дека нема да побегнат и дадоа искази кои се многу важни во истрагите, но тука би запрела – рече Јанева одбивајќи да открие повеќе детали за истрагата.
Осомничениот Срѓан Керим од СЈО заминал за Хрватска- делата не застаруваат!
Таа негираше дека имало политички влијанија зад одлуката да биде побаран притвор за Мијалков, а потоа и притворот да му биде укинат.
Запрашана за бегството на осудениот екс премиер, Никола Груевски, и дали имало пропусти во СЈО со тоа што навреме не била побарана мерка притвор, шефицата на СЈО, Катица Јанева, ги демантираше шпекулациите дека обвинителството било алармирано неколку дена претходно дека Груевски ги повлекол парите од своите сметки.
-Не бевме запознаени дека Груевски ги празни сметките, но 120.000 евра не е импозатна бројка за да упати на тоа дека некој планира бегство – рече Јанева.
На тоа се надоврза обвинителката Лиле Стефанова која рече дека грешката не е во СЈО.
-Сметките на Груевски беа наш предлог кога го поднесовме обвинението за „Титаник“. Посочивме дека обвинетиот поседува сметки и дека може истите да ги испразни и да се вдаде во бегство. Добивме одговор од Кривичниот суд, а подоцна и во одговор од жалбата која ја поднесовме до Апелациониот суд, дека тие парични средства не можат да бидат третирани како опасност од бегство – рече Стефанова.