8 милијардери чија скромност ќе ве натера да размислите за вашите приоритети
За многу, луѓе богатството значи трошење големи суми пари и екстравагантен начин на живот. Постојат многу луѓе што докажуваат дека ова а вистина, но некои од најбогатите луѓе на светот не само што живеат скромно, туку даваат огромен дел од нивното богатство во добротворни цели.
Без сомнение, парите се важни и можат да ни го променат животот. Но, колку всушност се важни? Веројатно сметате дека богатите зборуваат за неважноста на парите и донираат многу бидејќи имаат и тоа е сосема нормално размислување. Но истражувањата покажале дека парите вистински нè прават среќни кога имаме да ги задоволиме нашите најосновни потреби. Што било повеќе, не придонесува за нашата среќа.
Овие милијардери покажуваат дека штом имаме доволно за нас, на некој начин имаме одговорност да им дадеме и на помалку среќните. Без разлика кои се вашите верувања и мислења за парите, скромноста на овие луѓе ќе ве натера да размислите за вашите приоритети.
1. Дејвид Черитон, професор на Стенфорд
Дејвид е навистина уникатен милијардер и речиси целото богатство го направил инвестирајќи многу рано во Гугл. Тој ја мрази идејата за екстравагантен живот.
„Всушност, навистина сум навреден од тоа… Овие луѓе кои градат куќи со 13 тоалети и слично, има нешто погрешно со нив“, изјавил Дејвид
Најскорашното големо купување на Дејвид е автомобил Honda Odyssey од 2012-та година.
2. Тони Хсие, извршен директор на Zappos
Тони е еден од најпознатите извршни директори на денешницата. Но она што малкумина го знаат е неговата скромност. Откако ја продал рекламната мрежа LinkExchange што ја основал во 1996-та година, тој ги инвестирал парите во нов проект. Според неговите блиски, животниот стил на Тони речиси и да не се променил со текот на годините.
„Парите едноставно не му се важни. Тој би бил среќен само со долар во банката и околу луѓе за кои се грижи и кои се грижат за него“, изјавил Ерик Мур, инвеститор во Zappos.
3. Кристи Валтон, филантроп
Како вдовица на наследникот на Walmart, Џон Т. Валтон, Кристи Валтон и нејзиниот син наследиле дел од богатството на Џон. Денес се верува дека таа има околу 7 милијарди евра, но она што го направила со богатството го дефинира нејзиното индивидуално наследство.
Изминативе две децении, Кристи има донирано неколку милијарди во добротворни организации, од кои една е основана од нејзиниот сопруг. Кога се родил нејзиниот син, целта на Кристи била да му даде нормално детство, па се преселила на место каде што може да го направи токму тоа. Денес таа живее мирно во Џексон, Вајоминг и му е посветена на добротворните цели.
4. Ворен Бафет, извршен директор на Berkshire Hathaway
Речиси секој има слушнато за Ворен и за неговото огромно богатство. Но она што речиси никој не го знае е неговата скромност. Секое утро, тој оди на работа со неговиот автомобил. Пред да влезе во канцеларијата, зема појадок од Мекдоналдс, а за најскапиот оброк плаќа најмногу 3 евра. Покрај ова, Ворен донира милијарди евра во разни добротворни организации, од кои дел се основани од неговите деца.
5. Карлос Слим Хелу, почесен претседател на America Movil
Со богатство од речиси 60 милијарди, Карлос може да направи што и да посака. Сепак, тој одлучил да живее скромно. Карлос живее во истата куќа со 6 спални соби во која живеело неговото семејство 30 години, а секој ден самиот оди на работа. Иако работи со огромни компании, тој нема ни компјутер во неговата канцеларија.
6. Амансио Ортега, основач на Зара
Модниот бренд Зара е познат ширум целиот свет, но ова не го спречило нејзиниот основач да остане „нормален“ човек. Ортега, чие богатство изнесува речиси 60 милијарди евра, живее во мал стан во Шпанија и го носи истиот костум речиси секој ден. Секое утро Ортега ја посетува истата локална кафетерија, а секое попладне јаде со неговите вработени во Зара.
7. Азим Премџи, претседател на Wipro Limited
Познат како „царот на индиската технологија“, Азим има богатство од речиси 20 милијарди евра, а изгледа дека тоа се зголемува секоја година. Сепак, тој вози Ford автомобил од 1996-та година, па дури и внимава на потрошувачката на тоалетна хартија во неговите канцеларии за да заштеди. Најимпресивно е тоа што Азим се наоѓа петти на листата со луѓе кои имаат донирано најмногу пари во добротворни цели – тој има донирано над 8 милијарди.
8. Чак Финеј, коосновач на DFS Group
Чак е најневеројатниот пример за скромноста на милијардерите. Неговото богатство изнесува „само“ 2 милиони евра, па веројатно се прашувате зошто се наоѓа на листата.
До 2016-та година, Чак и неговата сопруга Хелга донирале околу 9 милијарди, односно 99,99% од нивното богатство во добротворни цели. Чак најмногу ги заработил парите преку продавници на аеродроми каде што продавал продукти како цигари и алкохол, но и преку инвестирање во компании како што е Фејсбук.
Целта на Чак е да дава додека живее, но не го прави тоа за внимание. Всушност, тој дури основал неколку приватни фондации коишто бараат донирањето да биде анонимно. Тој и неговата сопруга живеат во стан во Сан Франциско.