Боите и звуците на природата – Онлајн изложба на Дејан Мачуков

Младите ликовни уметници заслужуваат шанса за промоција и претставување пред поширока публика. Да покажат дел од своите авторски дела, да стигне до нив одредена реакција од публиката. Можност да се стапи во контакт со некого, да се добие поттик за дополнителна работа.

Токму затоа, во духот на новото дигитално време, талентираниот академски сликар кој живее и работи во Богданци, Дејан Мачуков во соработка со информативниот портал Радар.мк, се решија за онлајн изложба преку која ќе се презентираат селектирани дела.

Автентичната оригинална  уметност претставува  културно богатство на еден народ, таа е потврда за креативноста на уметниците од овие простори. Секое дело буди ново искуство, нова енергија или топлина. Токму топлината која доаѓа од природата доминира во делата на Дејан Мачуков. Боите и звуците во природата сe неисцрпно богатство и инспирација. Тие будат креативна енергија, поттикнуваат разговор, не смируваат, и пред се не мотивираат непрекинато да создаваме. Во природата се наоѓа и топлината, и тоа не онаа буквална во физичка смисла на зборот, туку онаа топлина која претставува нешто свето, духовно односно како посебен дар од природата.

https://www.instagram.com/machukov.d/

Во своите дела Мачуков експериментира со боите и формите, користи форми –лишен од било каков субјективизам, со цел да постигне драматичност и сензибилитет.

Следат избрани дела од последниот ликовен опус:

Translate »