Градот Талса во САД нуди 10.000 долари за оние што се подготвени да одат и една година да работат таму. Но потребни се и некои услови!
Градот Талса во американската сојузна држава Оклахома нуди 10.000 долари за оние што се подготвени да одат и една година да работат таму.
За да можете да размислувате за оваа понуда, треба да сте постари од 18 години, да имате работа (која можете да ја работите од кој било дел на светот поврзан со интернет), да бидете подготвени да се преселите во рок од шест месеци и треба да ви е дозволено да работите во САД.
И тоа не е сè.
Избраните кандидати ќе можат да се преселат во новоуредени станови и ќе плаќаат само 33 отсто од реалната цена за изнајмување. Трошоците ќе им бидат покриени во текот на првите три месеци.
За потребите за работата, среќниците ќе добијат бесплатно членство во компанија со што ќе им биде обезбедено место за вршење на работата, конференциски сали за состаноци, безжичен интернет и други погодности.
Главната цел на програмата е да се привлече креативна и технолошки поткована работна сила во Талса, која сака да го оживее претприемачкиот дух меѓу своите жители.
Градот ќе започне со помалку групи од 10 до 15 лица и со тек на време ќе ја прошири програмата на 300 работници кои ќе бидат на размена.
Избраните кандидати веднаш ќе добијат 2.500 долари за трошоците за селењето. Секој месец на сметката ќе им бидат уплаќани по 500 долари, а на крајот на истекот на договорот од една година ќе им бидат исплатени останатите 1.500 долари.
Тука можете да ја проверите програмата, да видите што се бара и дали имате шанса да ја добиете оваа понуда.