Покажала сè: Клои ги “вовлекла” облините во мрежест комбинезон
Девојките во неделата одлетале во Лас Вегас, каде излегле на забава во провокативни модни комбинации. Клои привлекла големо внимание бидејќи на себе имала само мрежест комбинезон.
Изгледа
дека Клои Кардашиан не била многу погодена од новото неверство и
раскинувањето на врската со кошаркарот Тристан Томпсон. Клои се забавува
како никогаш претходно, а неодамна изнајмила и приватен авион за да го
прослави роденденот на пријателката Малика Хак и нејзината сестра
близначка Кадија Хак МекКреј, пренесува “Daily Mail”.
Девојките во неделата одлетале во Лас Вегас, каде излегле на забава во провокативни модни комбинации. Клои привлекла големо внимание бидејќи на себе има само мрежест комбинезон додека шетала низ хотелот до ресторанот.
Клои не сакала ништо да сокрие па под мрежестиот стајлинг не носела ништо. Нејзините облини јасно се истакнувале, а сето тоа го искомбинирала со светло-виолетова торба и отворени потпетици. Клои на фановите, кои сега ги има 89 милиони, целата забава им ја прикажала објавувајќи ја социјалните мрежи, вклучувајќи и снимки од приватниот авион.
Клои е пријателка со близначките од 15 години, а биле крај неа кога го минувала низ раскинувањето со Тристан. ДА се потсетиме, Томпсон ја изневерил Клои со Џордин Вудс, најдобрата пријателка на Кајли Џенер.