Кое време е најдобро за да се пие кафе!
Кога е најдобро време за чашка кафе, открива австралискиот диетолог Линда Коен. Според неа не е многу соодветно времето за освежувачкиот пијалак веднаш по будењето, како што прават повеќето луѓе.
За зголемување на работоспособноста е подобро да му се насладуваме од 10 до 12 часот, соопшти сајтот Life.
Заживувачкиот ефект на кафето зависи од нивото на кортизол. Колку е поголема вредноста на овој хормон, толку помал е ефектот на миризливиот пијалак, тврди Коен.
Таа препорачува после 14 часот кафето да биде заменето со билен чај. Нејзиниот совет е дневната доза кофеин да не надминува 400 мг.
Тоа е еквивалентно на две чаши. За мирен сон Коен препорачува шест часа пред спиење да не пиеме никакви кофеински пијалаци.