5 растенија за во канцеларија кои ќе ви ја унапредат кариера

Ако ви е потребен напредок, најбрз пат до успехот е да ги внесете вашите растенија во вашата работна средина. Токму од
градинарскиот центар ФОЈА не информираа за студијата на Универзитетот Екситер, која покажа дека присуството на растенија во канцеларијата може да ја зголеми креативноста за 45% , продуктивноста за 40% и општото расположение за 50%.

Истражувачите на Универзитетот во Ексетер организираа студија во која беа вклучени 350 испитаници поделени во импровизирани канцеларии. Сите учесници ја добија истата работа, а резултатите покажаа значително поголема продуктивност и креативност на работните места опкружени со растенија.

Уште од порано е познато дека со дизајнирање на нашиот сопствен работен простор можеме да го подобриме здравјето, среќата и продуктивноста. Беше време да се оди чекор понатаму и да се испита дали истиот принцип може да се примени на креативноста и да се истражи дали со дизајнирање на работниот простор можеме да ја подобриме ефикасноста во работата. И резултатите покажаа дека креативноста може да се зголеми за дури 45% благодарение на растенијата и дизајнот на работната средина, бидејќи тие ја подобруваат нашата психолошка благосостојба, објаснува психологот Др. Крег Најт.

Во прилог на овие предности, зеленилото ќе го разубави просторот, ќе го прочисти воздухот, а исто така е познато дека го намалува стресот. Ако ве уверивме во придобивките од зелената работна средина, погледнете кои пет билки совршено ќе се вклопуват во секоја канцеларија.

1. Сансевериа (Sansevieria)

Сансевериа, африканско копје или индиско перо е многу отпорна билка , а со тоа и совршен избор ако немате многу искуство во хортикултурата. Нема да и смета сув воздух и недостаток на сончева светлина, или понекогаш ако заборавите да ја полиете со вода. Иако нема да ја “убие”, недостатокот на нега може да влијае на нејзината убавина, бидејќи шарите на нејзините лисја ќе бидат малку избелени.

2.Замија (Zamioculcas zamiifolia)

Замијата е многу популарна собна билка. Идеална е за работниот простор според филозофијата – фенг шуи. Замијата го активира полето на среќата и парите и ја апсорбира негативната енергија. Грижата за замијата не претставува тешка работа, бидејќи и е доволна само основната нега. Доволно и е еднаш во месецот да ја полевате, а во лето малку почесто.

 3. Красула (Crassula ovata)

Красула или јапонско дрво на парите е многу популарен избор за канцеларии, бидејќи како што наведува името, присуството на ова растение очигледно привлекува пари. Постојат објаснувања дека листовите на растението содржат етерични масла кои ја зголемуваат менталната и физичката будност на човекот и ги активираат неговите ментални и физички способности, со што се постигнуваат подобри резултати и повисоки приходи.

 4. Потос (Pothos)

Ова растение е познато како Scindapsus и Devil’s Ivy, и е во сродство со филодендронот. Scindapsus лесно се одгледува и е погоден за сув воздух. Толерира и послабо осветлување, а и ќе ве награди со брз раст ако го полевате од време на време.

 5. Кактус молив (Euphorbia tirucalli)

Популарноста се должи на невообичајниот изглед и неговата издржливост. Исто како и другите видови кактуси, ова растение не бара премногу внимание. Чувајте го на светло место, но не и директно изложено на сонце. Сака вода, но потребно е само еднаш месечно. Одлична е за канцеларии, бидејќи не е погодно да биде во близина на деца.

Ако се свиткаат гранките на ова растение тие ослободуваат млеко кое е отровно, па затоа е потребна претпазливост.

Translate »