Македонија одигра одличен натпревар во Словенија и освои важен бод
Македонската фудбалска репрезентација освои важен бод на гостувањето кај Словенија (1:1) во вториот настап во квалификациите за ЕП 2020, а голот на Енис Барди беше доволен за позитивен резултат и вкупно четири бодови по првите две средби од овој циклус.
Македонија играше отворено, со желба прва да постигне гол на „Стожице“, а откако не искористивме една добра акција, на спротивната страна Словенија казни со акцијата која ја реализираше Зајц со глава.
Резултатот 1:0 беше активен до почетокот на вториот дел, а во 47. минута, Алиоски успеа да пробие по левата страна и да испрати топка во шеснаесетникот, а таму Барди прв стигна до неа и ја заби во мрежата на противникот за израмнување за Македонија.
Двете репрезентации до крајот имаа по неколку обиди да стигнат до гол за победа, но средбата во Љубљана заврши со конечни 1:1, резултат кој е позитивен за нашиот национален тим.
Во нашата група вечерва Израел ја победи Австрија со 4:2, додека Полска славеше над Летонија со 2:0.
Табела: Полска 6, Македонија 4, И