(ВИДЕО) Обид за упад во Парламентот во Тирана
Приврзаници на албанската опозиција се обиделе денеска да
влезат во Парламентот додека траеше протестот во кој се бара оставка на
Владата и предвремени избори.
Демонстрантите предводени од
Демократската партија на десниот центар со чадни бомби и разни предмети
ја гаѓале полицијата со која се судриле во обид да го пробијат кордонот
кој ја штити зградата на Парламентот.
Лидерот на Демократската партија Лулзим Баша, испрати порака до премиерот Еди Рама.
„Еди Рама, те охрабрувам да размислиш, бидејќи нема уште долго да бидеш во таа канцеларија”, изјави тој.
Рече дека не може Рама луѓето да ги прави овци.
Од
Социјалистичката партија на Рама велат дека протестите му наштетуваат
на напредокот на Албанија кон членство во Европската унија.