Ердоган го изгуби и Истанбул? Без поддршка во најголемите турски градови, еве што значи тоа за неговото владеење

Во Турција во неделата биле одржани локални избори, а според прелиминарните резултати, партијата AKP на претседателот Реџеп Тајип Ердоган изгубила во поголемите градови.

Како што е објавено, опозициската CHP повеќе гласови освоила и во престолнината Анкара. Повеќе ги има и во Анталија и Измир, а вистински неизвесна борба има во Истанбул, каде CHP води за нијанса, според податоците кои ги објавил “Huryet”. 

Во Анкара владејачката AKP освоила 47,10 проценти од гласовите, додека CHP 50,91 проценти.

Владејачката партија од нејзиното основање во 2001-ва година прв пат изгубила на локални избори во Анкара, а судејќи по се нема да се задржи ни во најголемиот турски град, Истанбул.

Според последните информации, тесна победа однел опозиционерот Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија со 48,79 проценти од гласовите, додека кандидатот на Ердоган, Бинали Јилдирим освоил 48,51 проценти. За Имамоглу гласале 4,169,987 жители на Истанбул, додека за Јилдирим глас дале 4.146.042 луѓе.

Потсетуваме, Ердоган порачал дека “тој што ќе победи во Истанбул ќе владее со Турција”.

Translate »