Хаос во Атина! Мигрантите ја окупирале железничката станица: Поставиле шатори на станицата

Бегалците кои се собрале на железничката пруга на станицата Ларисис во Атина од рано утро барајќи да им се дозволи да патуваат во северна Грција, а потоа до границата, постепено почнале да заминуваат.

Првите автобуси веќе ги однеле бегалците до прифатните центри. 

“Преземаме напори овие луѓе да сфатат дека ветувањата и уверувањата кои им се дадени не се вистинити. Тие губат повеќе отколку што се надевале дека ќе добијат. Ние константно ги информираме и тие веќе почнуваат да се повлекуваат”, изјавил генералниот секретар во Министерството за миграциона политика, Милтиадис Клапас.

Во меѓувреме, во привремениот камп кој го поставиле бегалците покрај објектот за бегалци во Диавати во Солун, попладнево дошло до тензии.

Насобраните бегалци ги спакувале своите шатори и работите и почнале да се движат кон полициските комбија, барајќи од полицајците да им дозволат да минат и да тргнат кон границата.

Полицијата возвратила со солзавец и шок-бомби, за да ги потисне бегалците, па тие се повлекле откако запалиле ѓубре кое останало на теренот.

Грција побарала од неколку стотини мигранти кои се собрале на полето во близина на грчката северна граница, да се вратат во своите сместувања или ќе бидат соочени со санкции.

Мали групи луѓе, вклучувајќи и деца, во четвртокот дошле во близина на мигрантскиот логор Дијавате во близина на границата со Македонија, поттикнати од извештаите на социјалните мрежи за можностите за организиран премин на северозападната копнена граница на Грција со Албанија на почетокот на април.

Translate »