Кафето го блокира дејството на витамините
Иако кафето има голем број на здравствени придобивки и внесувањето дури е и препорачливо, тоа може и да му наштети на организмот.Ова станува јасно од ново британско истражување, според кое горчливиот пијалак го блокира дејството на прехранбените адитиви со витамини, пишува “Дејли мејл”.
Во денешниот крајно нездрав начин на живот, многу луѓе се потпираат на синтетичките витамини и минерали за да ги набават неопходните материи. Проблемот сепак, е дека ако пиеме вакви таблети наскоро или за време по консумацијата на топлиот пијалак, нивната ефикасност едноставно се губи.
Причината не е толку во состојките на кафето, колку во тоа што го пиеме топло. Според научниците топлината драстично го намалува ефектот на апчињата и дури ги убива корисните бактерии во пробиотската храна како јогурт. Таков ефект има и кај чајот, но тој барем ни носи доста други здравствени придобивки.
Во извештајот на тим истражувачи од Универзитетот на Источна Англија се вели дека топлите пијалаци и храна, како овесот, ја инхибираат апсорпцијата на железото со до 73 проценти и тоа речиси не стигнува до организмот. Истовремено околу 46% од Англичаните примаат додатоци во исхраната, а 70% од нив ги земаат со појадокот.
Експертите излегуваат со нови совети за внесот на витамини и минерали, па слични таблети треба да се пијат најмалку 1 час пред или по земањето на топли јадења и пијалоци. Тие потсетуваат дека, сепак, за сите видови на лекови и додатоци е најдобро да се земаат со појадокот, бидејќи наутро гастроинтестиналниот тракт е одморен и работи подобро.Сподели