Јавноста со жестока реакција: Да се одземе лиценцата на психологот оти ги навреди децата со посебни потреби

Комората на психолози излезе со остра реакција и го осуди дискирминторскиот говор на психологот Јове Аџиевски и најави итна седница за преземање соодветни мерки.

Јавноста, пак,  бара да му се одземе лиценцата на психолог поради навреди на децата со посебни потреби.

Лавината реакции уследија откако член на Комората на психолози Јове Аџиевски, објави на Фејсбук навредлив коментар, односно објави фотографија на премиерот Зоран Заев со лицата со инвалидитет и со попреченост коментирајќи дека „премиерот конечно е во друштво со интелектуално рамноправни на себе”.

– Комората на психолози остро ги осудува и се оградува од навредливи и дискриминирачки ставови објавени на приватен профил на фб од страна на член на комората. Управниот одбор на комората на психолози свика итна седница на која ќе се дискутира за овој настан и ќе се преземат соодветни мерки согласно етичкиот кодекс на психолозите – реагираат од комората.

По бројните реакции Аџгиевски се извини.

– Им се извинувам на сите оние кои несакајќи го засегнав со користење на погрешниот контекст – напиша тој.

Translate »