КОИ СЕ ДРЖАВИТЕ, ОД КОИ НАЈМНОГУ БЕГААТ МИЛИОНЕРИТЕ (ИНФОГРАФИК)

Богатите луѓе во светот, со состојба на сметката од над 1 милион долари, се исто така и групата, која најчесто избира да ја смени својата татковина и да се пресели во друга земја.

Причините за ова решение може да бидат многу. Некои од нив избираат да емигрираат поради високите даноци во нивните матични земји или во потрага по помирен живот.

Податоците на Global Wealth Migration покажуваат трендови во оваа насока. Аналитичарите гледаат од кои земји си заминале најмногу милионери во 2018 година и кон кои тие се насочиле.

За никој не е тајна дека Азија, и конкретно Кина, „создава“ најголем број на нови богаташи во изминатите две децении. Сепак, земјата е на прво место по бројот на милионерите, кои одлучиле да се преселат.

За 2018 година, повеќе од 15.000 Кинези со над 1 милион долари се одлучиле да го сторат тоа. Ова претставува 2% од богатото население на Кина.

На второ место по овој показател е Русија, од која 7.000 милионери или 6% од богатите луѓе заминале во последните 12 месеци. Трета е Индија со одлив од 5.000 или 2% од милионерите.

Најголем дел од луѓето со повеќе од 1 милион на сметка што ја напуштиле својата матична земја се наоѓаат во Турција. За 2018 година, 10% од нив емигрирале или вкупно 4.000 луѓе.

Во топ 10 се Франција, Велика Британија, Бразил, Саудиска Арабија и Индонезија.

Од друга страна, „магнет“ за богатите во 2018 година била Австралија. Таму пристигнале 12.000 луѓе кои имаат акумулирано 1 милион долари и повеќе на нивната сметка. Второто и третото место се САД и Канада со 10.000 и 4.000 нови богати луѓе кои доаѓаат од странство.

Во Европа, најатрактивни се Швајцарија, Португалија, Грција и Шпанија.

Translate »