Оваа земја има министерство за среќа: Сега добива и министерство за можности во кое сите ќе работат

Шефот на сојузната влада на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), денеска изјави дека ќе биде формирано ново министерство посветено на можностите, три години после основањето на државниот орган задолжен за среќа.

Шеикот Мухамед бин Рашед ал-Мактум, кој исто така е владетел на Дубаи, рекол дека новото министерство ќе биде неконвенционално и без министер и додал дека сите ќе бидат задолжени за тоа да работи.

„Министерството ќе се занимава со важни национални прашања, со цел да се изгради нов систем на власта во иднина“, рекол шеикот Мухамед, додавајќи дека една од задачите на министерството ќе биде намалување на времето на чекање за некои административни услуги.

Филозофијата на министерството е дека „невозможно“ не може да биде дел од нивниот речник, рекол шеикот Мухамед.

Шефот на владата вчера изразил големо незадоволство поради забавеноста на поштенските услуги и додал дека оние кои се одговорни за таква ситуација, не можат да бидат дел од работниот тим.

Шеикот Мухамед кој се смета за иновативен во многу области, веќе формирал неколку необични министерства. Во 2016-та година основал мнистерство за среќа и благосостојба, а претходно и министерство за толеранција.

Translate »