Зошто во Франција се раѓаат толку деца без раце? Владата нареди истрага!
Француската влада одлучи да отвори истрага за децата кои се родени без раце во неколку региони, соопшти министерката за здравство Агнес Бизин, оценувајќи дека е неподносливо ваквите случаи да останат нерасветелени.
” Со министерот за еколошка транзиција одлучивме да ја обновиме истрагата во која ќе учествуваат лекари и експерти , изјави министерката. ” Не можеме да се задовилиме со изјавата дека причините се непознати, истакна Бизин. Во Аин се доденио 7 деца без раце од 2009 до 2014 година , во Лоара Атлантик три во период од 2007 и 2008 година, а во провинцијата Бретања од 2011 до 2013 , четири деца.
Првата истрага не донесе резултати
Тие случаи секогаш се појавуваат во релативно тесно подрачје и секогаш се предмет на голема загриженост. Првата државна истрага покажа дека за случаевите во Бретања и Лоара Атнатик нема објаснување. Министерката велидека во Франција во една година се раѓаат ” помеѓу 80 -100 новореднчиња со малформација на екстремитетите”. Причините би можеле да бидат генетски или би можеле да бидат резултат на изложеност на отровни материи ( исхраната, околината , лековите како талимоид, седативи, аналгетици, кои биле причина за раѓање на илјадници деца без раце и нозе во периодот од 1957 -1962).