Познатиот милијардер тврди дека ова е најдобриот совет кој некогаш го добил
Марк Кубан е познат американски претприемач и инвеститор чие богатство се проценува на околу 4 милијарди долари, а за Business Insider го откри советот за кој смета дека е најдобриот кој го добил во животот.
„Денес си најмладиот што некогаш ќе бидеш. Живеј така“, две едноставни реченици.
„Тој совет го добив од татко ми. Поентата беше дека почнуваме да мислиме дека сме стари, како го зголемуваме бројот на годините. Потоа, гледаме наназад и сфаќаме колку навистина сме биле млади, а не сме ги искусиле работите кои сме ги сакале затоа што сме мислеле дека сме стари “, објасни Кубан.