Маја Босилковска-верувам во соништата и убавината

Маја Босилковска, Менаџер за кориснички услуги во Орифлеим, е одговорна за Грижа за нивните Консултанти која од неа  бара голема одговорност во однос на нивното единствено позитивно искуство со глобална шведска компанија. „Ова значи најпрво дневно менаџирање на низа оперативни задачи. Потоа, имплементирање на многу новитети во секојдневите процеси, со кои будно се пратат светските трендови и најважно од сѐ се секојдневите разговори со нивните постоечки и нови Консултанти, решавањето на нивните предизвици и олеснување на нивното работење како и промовирање на Орифлеим брендот и прекрасната и единствена бизнис можност која оваа компанија ја нуди во Македонија.

„Горда сум што сум дел од оваа компанија од повеќе причини веќе четири години, но најважна за мене е што оваа компанија има душа. Ова е компанија што ги сака луѓето и сака да имаат само убаво искуство и да бидат дел од едно големо семејство кое се протега низ целиот свет.

1. Разгледувајќи го новиот пролетен Каталог погледот ми застана на велнес-линијата која содржи богат асортиман на додатоци во исхраната и посебна линија за слабеење. Ова е малку поинаков пристап кога е во прашање грижата и негата за убавината и здравјето. Кажете ни нешто повеќе за овие производи.

Орифлеим е уникатна компанија и по тоа што во својата палета нуди и одлична палета на велнес-производи, како дел од нашата линија Wellness.  Додатоците во исхраната се секојдневие за секој кој се грижи за своето здравје. Нашите производи се познати по тоа што се со одличен квалитет и пристапни цени. Во палетата се вклучени сите возрасти, од најмалите до најзрелите години, со производи од најквалитетно рибино масло, мултивитамини, протеински шејкови, супи без глутен, антиоскиданти и сл. Се изводјуваме по единствената понуда со Сетови за здравје и за слабеење во комбинација со правилен режим на исхрана. Ве поканувам да ги пробате и да ја видите разликата во изгледот и енергијата што ви ги пружаат овие прозовиди.

2. Вам лично, кои ви се омилени производи на Орифлеим?

Сите ми се омилени, но секако производите за нега на кожа од врвната линија NovAge, во комбинација со производите од линијата Wellness, како што се Swedish Beauty Kомплекс плус и Wellness Пакувањето за жени, ми се во моментот високо на листата, но секако нема ден да не искористам и една од маскарите и кармините од луксузната колекција на Giordani Gold.

3. А што е со македонските клиенти…кои се нивните навики и кој е најпопуларниот производ што најмногу се продава?

Македонските клиенти знаат да препознаат одличен квалитет на производ како и одличната бизнис можност за оние кои сакаат да ги уживаат и двата бенефита кои на овие простори ги нуди единствено Орифлеим. Токму тоа е една од причините за нашето постоење на македонскиот пазар речиси 22 години. Во моментов најпродавани се сетовите за нега на лице NovAge за жени, како и Wellness пакувањата од линијата Wellness.

Translate »