Корона вирусот ја „грипоса“ светската економија, ќе имa ли последици и за нас?
Појавата на првиот случај на заболен од корона вирус во Македонија ги донесе првите симптоми на „грип“ на економијата, а први на удар се туристичкиот и транспортниот сектор.
Ден по потврдување на првиот случај на заболен од корона вирус во земјва – заѕвонеа и првите телефонски јавувања во туристичките агенции за откажување на аранжамни – особено во Италија. Првите откажани туристички тури се однесуваа на осмоматровскто празнично патување. Ова беше сигнал за мобилизрање и на туристичките агенции. Во рамки на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се формираше Координативно тело задолжено да ја следи состојбата. Од Министерството за економија потврдуваат дека туристичките агенции побарале насоки за тоа како да постапуваат, особено во однос на трошоците кои ќе настанат поради откажување на аранжманите.
„Се договоривме да се разгледаат откажувањата зашто нормално ќе ги има, посебно од регионите кои се веќе во карантин, како оние во Италија и во Кина. Ќе видиме како ќе постапиме. Ако има потреба од друга мерка, треба Владата и Министерството да заземат став,“ изјави Шофкет Хазари од Министерството за економија.
Нашите граѓани откажуваат патувања во странство – но и странски туристи откажуваат аранжамни во земјава. Дел од хотелиерите во Охрид што ги консултираше „Порталб.мк“ велат дека ги добиле и првите повици за откажување на аранжамни веднаш штом ја добиле веста за појавата на првиот случај на корона во Македонија.
„Туристи од Бугарија се интересираа за состојбата, а туристи од Грција го откажаа доаѓањето. Можам да кажам дека и кај домашните туристи се чувствува воздржаност, претпостапувам не сакаат да патуваат за да не се изложат на некој ризик. Се надеваме дека состојбата ќе се норамлизира,“ – коментира за „Порталб“ еден од менџерите на хотел лоциран на охридската ривиера.
Бизнисот будно ја следи состојбата со коронавирусот. Директорот на Делегацијата на германското стопанство во државава Патрик Мартенс очекува дека ширењето на заразата ќе има негативно влијание, но очекува дека тоа ќе биде со „краток здив“.
„Да, ќе има делумно влијание на стопанството во Македонија. Но, сметам дека македонското стопанството во брз и краток рок ќе успее да се опорави од тоа. Поголемиот проблем со кој се соочуваме моментно во земјата е недостигот на стручен работен кадар кој ние, како Делегација на германското стопанство се обидуваме преку нашиот проект за дуално стручно образование што го имплементираме во земјата да го помогнеме“ – изјави Мартенс.
Во меѓувреме, паниката го направи своето меѓу граѓаните. Изминатите денови масовно се купуваа средства за хигиена и за дезинфекција, а некои дури и купуваа храна. Владата апелираше трговците да не ја злоупотребуваат акутната паника кај граѓаните со тоа што ќе ги зголемат цените на одредени производи.