Филипче: Мерките се олабавуваат, да бидеме внимателни и да се заштитиме

Министерот за здравство, Венко Филипче преку социјалните мрежи порача дека мерките за ограничување на движењето се олабавуваат и неопходно е да бидеме внимателни за да се заштитиме.

„Мерките за ограничување на движењето се олабавуваат и секој од нас ќе може да помине повеќе време надвор, а со тоа да се намалат гужвите во продавниците и банките. Но, да не заборавиме дека мора да сме многу внимателни и да се заштитиме. При секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита“, порача министерот.

Со последната одлука на Владата, полицискиот час почнува секое попладне во 19 часот.

Засега не е одлучено дали забрана за движење ќе се воведе в петок, на 1-ви мај – кој е неработен за сите граѓани во земјата.

Translate »