ФИЛИПЧЕ: 90 ПРОЦЕНТИ ОД НОВОЗАРАЗЕНИТЕ СЕ ОД 41 КЛАСТЕР, ДОСТАВЕН ПРЕДЛОГОТ ДО ВЛАДА ЗА НОВ ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека изминатата недела се направени тестирање на контактите на веќе заболените и ова е очекувана бројка на рана дијагностика. Тој додаде дека најголем број од заболените се на семејни или други собири.

„Ги изолиравме сите контакти на заболените. Полицискиот час за викендов овозможи полесен пристап и брзо тестирање на сите контакти“, изјави Филипче.

Според него, огромен процент од новозаразените се со лесна клиничка слика или асимптоматски.

„Околу 65 проценти од активните случаи во Скопје се поврзани со познат случај, од кои 90 посто се од 41 кластер“, дополни Филипче и извести дека до Владата е доставен предлог да има полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, кое ќе биде разгледано на утрешната седница.

Translate »