КАРАЏОВСКИ: ЈАК СУМ КАКО КУЧЕ ЗАТОА ЌЕ ГИ ИЗДРЖАМ СИТЕ ОБВИНУВАЊА

„Во последните 4-5 денови имаме околу 1000 тестови дневно и од нив 10-13 проценти се позитивни. Имаме два и пол пати повеќе тестови во последните 7 денови во однос на оној период што е беше пред нас. Ништо немаме променето во алгоритмот на тестирање“, соопшто на прес-конференција претседателот на КЗБ, Жарко Караџовски.

Споре него, околу 40 кластери од последните во себе вклучуваат меѓу 2 и 23 заразени случаи во ист кластер.

Тој исто така ја замоли јавноста да се почитуваат мерките и да не си пресудуваме самите себеси сега кога цела Европа и свет ги намалува рестрикциите.

„20 проценти од населението не не сфаќа сериозно. Само тие што не биле на Инфективната клиника не знаат која е таа мрачна атмосфера. Морам да кажам Филипче ми е 13-ти министер досега, директорот на ИЈЗ ми е 9-ти директор, ми пречат обвинувањата во медиумите дека сум бил политички активен и сум имал скриени политики, но јас ке издржам затоа што сум јак како куче“, дополни директорот на КЗБ и уште еднаш повика да се здружиме сите партии и политики во земјава во борбата против пандемијата.

Translate »