Зоран Заев : На иста линија!
Со наслов ” На иста линија” , премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил постираше заеднички слики со министерот за надворешни работи Никола Димитров . Заедно со своите сопруги, тие го поминаа денот во Струмица.
Претходно, грчкиот весник Та Неа излезе со шпекулации дека во македонската влада има несогласување помеѓу премиерот Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров. Според весникот Димитров “продолжува да игра лична игра”. Поради тоа има застој во процесот, телефонот на Ципрас не ѕвони а причина е Димитров кој е незадоволен од договорот.
Владата испрати демант на овие информации а Заев и Димитров денес со нивните семејства заедно ручаат во Струмица за да покажат, помеѓу другото, дека нема никакви разлики во нивните ставови во однос на договорот со Грција. Во текот на ова неделно семејно дружење, нема сомнение дека Заев и Димитров ќе имаат можност, во опуштена атмосфера, на нивното денешно мени да го стават и разговорот на оваа тема.