Хачисон:Македонија е следната членка на НАТО

Постојаниот амбасадор на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачисон, оцени дека Макдонија е земја што може да ги исполни критериумите за да стане следна членка НАТО, но додаде дека мора да се реши проблемот со името, односно да се најде решение што ќе биде прифатливо и за Грција.

Хачисон, во интервју за американскиот весник „Вашингтон пост“, рече дека ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО, но потсети дека новите земји членки треба да исполнуваат одредени демократски и воени стандарди.

– Пред 10-15 години имаше дебата и донесена е одлука да имаме политика на отворени врати и да ги вклучиме балканските и балтичките земји и да имаме стандарди што ќе ги направат посилни. Ако имаме исполнети стандарди на демократија, војска и на владеење на правото, тогаш овие земји ќе бидат поспособни да се бранат самите и да опстанат како демократии на долг рок. Политиката на отворени врати сè уште е тука и стандардите се тука – рече Хачисон.

Сепак, Хачисон истакна дека поради спорот со Грција, нема едногласно гласање за членството на Македонија.

– Сметам дека сите ја гледаат Македонија и нејзиното исполнување на овие стандарди. Има уште малку до целосно исполнување, но верувам дека ако кажат дека се близу до договор за спорот за името, а ние сакаме да имаат име какво што тие сакаат или во некоја друга форма, мора да има едногласен консензус. Сметам дека се многу близу. САД ги поддржуваат и ако можат да го исполнат последното парче на внатрешен план и да работат на слободни избори и силна влада, тогаш ќе бидат следната земја членка – изјави Хачисон.

Мета.мк

Translate »