Чудото од јахта на Роман Абрамович вплови во Бока Которска: Погледнете што поседува богатиот Русин (ВИДЕО)

Мега јахтата „Еклипс“ на рускиот милјардер Роман Абрамовиќ, утринава вплови во заливот Бока Которска.

„Еклипс“ е една од најголемите приватни јахти во светот, долга 163 метри и вредна околу 340 милиони евра, а Абрамовиќ себе си си го поклони пловилото за новата 2010 година, пренесува РТЦГ.

Јахтата тежи околу 13 илјади тони, широка е 21 метар, а нејзиното годишно одржување чини 30 милиони евра.

„Еклипс“ може да прими 62 гости и 70 членови на посадата, а од содржини поседува базени, сауни, кино сала, златара, фризерски салон, игротека, ресторан, клуб и лекарска ординација.

Од дополнителна опрема тука се и два хеликоптера, подморница, ракетен радар, чамци за спасување и многу други системи за безбедност.


Translate »