Mасовен религиски собир – стотици верници низ Струга среде пандемија

Денеска во Струга, среде пандемија на корона, се одржа масовен религиозен собир.Поконкретно, станува збор за традиционална струшка Еордија – литијата со икона на Св. Великомаченик Георгиј Победоносец, збогатена со неговите мошти од неговиот Манастир во Рајчица..

Како што се забелеѓува на фотографиите нема никаква дистанца меѓу насобраните граѓани, ниту се носат заштитни маски (освен неколку исклучоци).

Останува нејасно зошто полицијата не реагирала на кршењето на мерките според кои забранети се масовни собири, како и собири на повеќе лица на дистанца помала од два метри.

Translate »