Протести пред Владата, граѓаните бараат решенија за загадувањето

Стотина граѓани се собраа пред Владата, барајќи од надлежните да најдат итни решенија за загадувањето на воздухот.

Драги Змијанац од Првата детска амбасада на светот „Меѓаши“ порача дека  ќе ги поддrжат сите иницијативи насочени кон решавање на проблемот со загадувањето :

– Се додека не се реши проблемот со загадувањето ќе ги поддржиме сите иницијативи на мајки, татковци, на здруженија кои се залагаат за да се подобри состојбата со загадувањето со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки Ние ја поддржуваме иницијативата да се бојкотира наставата. Сметаме дека треба да се прогласи вонредна состојба ако загадувањето е два дена по ред над дозволеното – рече Змијанац.

Протестот беше организиран на Фејсбук под мото „Станете за чист воздух“.

фотографиите се превземени од Мета

Translate »