17 годишник силувал две момчиња од 10 и 9 години
Жителите на едно скопско село се згрозени од настанот што се случи врз несреќните деца. Вчера попладне во во полициска станица во Скопје, 40-годишна жена од скопско село пријавила дека 17-годишник во повеќе наврати вршел полово дејствие врз нејзиниот 10-годишен син.Во врска со истиот настан, во истата полициска станица, во 21.40 часот, четириесетиосумгодишна жена од Скопје пријавила дека истиот 17-годишник, во периодот од август до пред 10 дена, во повеќе наврати вршел полови дејствија врз нејзиниот деветгодишен син.
Според пријавителите, 17-годишникот бил нивен сосед и во наведениот период, секогаш кога ќе ги видел децата на улица, ги повикувал во подрумските простории на нивна соседка и таму ги вршел половите дејствија. МВР презема мерки за расчистување на случајот.