Илчо Ѓорѓиевски, 5 работи кои би ги сменил

Оние кои го познаваат претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, г. Илчо Ѓорѓиевски знаат дека фудбалот е неговиот живот. Човек кој имаше храброст да ги издржи сите негативни критики за лошите резултати на А репрезентацијата, не престанувајќи напорно да работи. Најзаслужен за добиената можност и организација на мега спектаклот Скопје Супер Куп 2017, и можноста во живо да гледаме клубови како Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Фокусиран на развој на младинскиот фудбал, и подобрување на инфрасткуктурата, што влијаеше младата У21 репрезентација да се пласира на Европско првенство во фудбал.  Човек кој знае дека фудбалски чуда не се случуваат преку ноќ, и дека за се треба време, а некогаш и многу среќа. Редакцијата на Радар.мк, го праша Ѓоргиевски кои пет работи би ги сменил кога би имал можност

 

-Играта и резултатите на А Фудбалската репрезентација од последните 4 натпревари да беа на почеток на овој циклус квалификациски циклус, така да продолжевме, и да бевме најмалку втори во групата

– Би сакал да имаме повеќе спортско трпение. Дури и кога имаме лоши спорстки резултати да покажеме почит и љубов кон својата екипа и земја

– Македонија да биде меѓу првите 20, 30 земји на ФИФА ранкинг листата

-Што повеќе деца да спортуваат, не само фудбал, туку и други спортови, бидејќи спортот е, вистинскиот пат за развој на една здрава личност, која во иднина може да се носи со сите предизвици

-Малку повеќе спортска среќа, и не секогаш да одиме по потешкиот пат

SKOPJE, MACEDONIA – AUGUST 07: Football Association of the Former Yugoslav Republic of Macedonia (FFM) President Ilcho Gjorgjioski speaks during the UEFA official dinner prior to the UEFA Super Cup final match between Real Madrid and Manchester United at National Arena Filip II Macedonian on August 7, 2017 in Skopje, Macedonia. (Photo by Harold Cunningham – UEFA/UEFA via Getty Images)

 

Translate »