Иновативна медицина: Лушпата од јајце е решение за подобрување на здравјето на зглобовите и сврзните ткива
Секојдневно низ светот неколку стотици милиони луѓе страдаат од болки во зглобовите, кои можат да бидат причинети од здравствени нарушувања, повреди или оштетувања на сврзните ткива, а како што населението старее се очекува оваа бројка забрзано да расте. Поголемиот дел од нивсе обидуваат да ги намалат болките со користење на различни терапии, кои многу често се скапи, но не баш ефективни. А што ако постои подобро решение?
Традиционалните терапии за нарушувања и оштетувања на зглобовите и сврзните ткива (ЗСТ) ја адресираат болката и делуваат кон нејзино елиминирање или смирување. Нивната употреба ги олеснува болките на краток рок, но овие лекарства доаѓаат со одредени несакани ефекти (како кардијални ризици и гастроинтестинални проблеми), кои понекогаш се мали и незначителни, но понекогаш можат и да резултираат во сериозни здравстени проблеми. Покрај тоа, голем дел од нив го заобиколуваат главното прашање: Како да се елиминира болката во зглобовите, а притоа да се подобри здравјето на сврзните ткива?
Повеќе истражувања* направени во изминатите неколку години покажаа дека употребата на мембраната присутна во лушпата од јајце е многу ефективно „оружје“ во борбата против нарушувањата на ЗСТ. Таа мембрана е природен извор на комбиниран колаген, гликозамин, хондроитин и хијалуронска киселина, што ја препорача како клучна состојка во потенцијалниот третман против болки во зглобовите и сврзното ткиво.
Предводена од ова сознание, компанијата Бионовел Плус разви методи за ефикасно и ефективно одвојување на мембраната од лушпата со цел да создаде мембрана без остатоци од лушпи, кое подоцна резултираше во развивање на иновативниот производ сега познат под трговското име Ово Колаген. Овој производ кој се користи како додаток во исхраната на природен начин го храни телото со калциум, колаген, хијалуронска киселина, еластин, глукозамин, кондоритин и додатни аминокиселини, кои го зајакнуваат телото и особено позитивно делуваат на справување со болките на ЗСТ. Притоа, производите од линијата Ово Колаген не се препорачуваат само на луѓе кои страдаат од болки во зглобовите, туку и на спортисти кои водат активен живот, па и на сите оние луѓе кои сакаат превентивно да го заштитат своето здравје.
Како нова, но исклучително перспективна и амбициозна компанија, Бионовел Плус има за цел да развие производна линија на база на мембрана од лушпа од јајце, притоа задржувајќи го нејзиното органско потекло, и истата да ја искористи за да понуди прогресивно решение за оштетените и болни зглобови. Преку барање на решение во природата, иновативната медицина прави огромен чекор напред кон искористување на природните ресурси на начин кој нив ќе ги направи достапни за секого, спакувани во практично пакетче кое ги прави лесни за користење.