Жан Митрев за синот: Како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат
Додека беше малолетен, се обидував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри, изјавил доктор Жан Митрев за синот кому му се суди во Германија.
„Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, изјавил Митрев за Сител.
На Филан Митрев, син од првиот брак на д-р Митрев, му се суди во судот во Франкфурт за планирање терористички напад.
Тој беше уапсен во ноември 2019 година, и од тогаш до судењето, кое почна на 2 септември, се наоѓаше во притвор.
Судењето, според пишувањето на германските медиуми го следи неговата мајка, која е Германка, по пофесија медицинска сестра.