80 гласа „за“ уставните измени според Договорот од Преспа

Собранието со 80 гласа „за“ вечерва го изгласаа предлогот за отворање на постапката за уставни измени како што предвидува Договорот од Преспа.

Гласаа сите пратеници од парламентарното мнозинство, како и пратениците од опозицијата Елизабета Канчевска Милевска, Сашо Василевски, Кристо Мукоски, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љубен Аранудов, Нола Исмајловска Старова и Зекир Рамчиловиќ.

Координатоор на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев побара поединечно гласање кое го потврди и претходното гласање.

Со ова започнува постапката за пишување на нацрт амандманите.

Translate »