Уште една добра причина слободното време да го поминувате во градината

Mycobacterium vaccae е бактерија која ја наоѓаме во почвата и која луѓето ја голтаат или вдишуваат кога поминуваат време во природа и за која се утврдило дека има ефекти врз невроните.

Тоа може да го засили производството на серотонин (поради што сте порелаксирани и среќни), ја подобрува когнитивната функција, има ефект врз Кроновата болест, па дури и на ревматоиден артритис. Повеќето страствени градинари ќе речат дека нивната градина е нивното „среќно место“, а градинарството и работењето на земјата го намалуваат стресот и го креваат расположението.

Сезонска акција во градинарскиот центар ФОЈА

Антидепресивните микроби во почвата предизвикуваат пораст на цитокини, што резултира во производство на повисоки нивоа на серотонин. Таа бактерија е тестирана кај стаорци, а резултатите биле нивната зголемена когнитивна способност, пониско ниво на стрес и подобра концентрација на задачи од остатокот од контролната група.

Градинарите ги вдишуваат овие бактерии, имаат контакт со неа и им влегува во крвотокот. Природните ефекти на тие „антидепресивни“ бактерии во почвата можат да се почувствуваат и до три недели (ако експериментите со стаорци се показател).

Спроведени се истражувања и со пациенти заболени од карцином, и тие известија за подобар квалитет на живот со помалку стрес кога биле во контакт со оваа бактерија. Поточно, недостаток на серотонин е поврзан со депресија, вознемиреност, опсесивно-компулсивно нарушување и биполарно нарушување. Се чини дека бактеријата е природен антидепресив во почвата и дека нема негативни ефекти врз здравјето.

Translate »