Куче нападна момче и му го одгриза пенисот

 

Kaj момчето се констатирани повреди  во пределот на долната две третина на пенисот, велат од болницата.  Овој неверојатен случај на напад на куче е евидентиран минатиот викенд во Зеница, а повреденото момче има 14 години.  Кучето речиси му го откинало половиот орган на детето.

Откако момчето било донесено во болница, во ургентниот оддел, веднаш било оперирано, а хирурзите вложиле максимален труд да ги спасат гениталиите на детето.  По тешката операција , момчето било пренесено на урологија.

По седум дена интензивно лекување , пациентот е во стабилна состојба, велат лекарите..

– Се работи за пациент  роден 2004 -та година,  кој бил хоспитализиран поради каснување од куче скитник.  Тој  веднаш бил згрижен во нашата болница , а после операцијата успешно заздравува,  соопштуваат од болницата.

Дежурниот лекар за босанските медиуми изјави : “Со оглед на тоа што раната се наоѓа на специфично  и влажно место , ќе биде потребно подолго време момчето целосно да заздрави.”

-Момчето самостојно  мокри , но тоа го отежнува зараснувањето на раната , која треба да биде сува. Поради овие причини, ќе биде потребно лекување на подолг период, посочија уролозите.

Translate »