ДИЈАНА ЃОКОВИЌ ОТКРИВА НИЗ СЕ ШТО ПОМИНАЛЕ ЗА ДА УСПЕЕ НОВАК: Работев по 16 часа, печев палачинки, бев на шанк!
Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, родителите на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ изјавија дека семејството им било на раб на финансиска пропаст во деведесетите години заради тениската кариера на Новак.
Родителите на Новак на Копаоник држеле ресторан и тоа бил единствен нивни извор на приход, а Дијана не крие дека биле на чекор да се откажат.
-Имаше моменти кога мислевме дека финансиски не ќе може да издржиме. На крај секогаш некако се снаоѓавме. Тоа беше единствен начин да се успее. Тој тоа не го знаеше и не ни требаше да знае. Работев 17 години во ресторанот на Копаоник, по 10 до 16 часа. Печев палачинки, бев на шанк, правев пици… Срѓан патуваше со него, а јас им праќав пари кои ги заработував. На крај се исплати, но можеше да биде и поинаку, рече Дијана во интервју за „Вечерњи лист“.
Се постигнале сами со помош на неколку пријатели без поддршка од државата.
-Го живеевме неговиот живот. Без никаква поддршка само со страшна жртва на целото семејство. Проживеавме 17 години лудило, променивме пет стана во Белград, носевме намештај кој по петтото селење се распаѓаше. Имавме цел, тој да стане ова што е. Тој е неверојатен во секој поглед.
Се чувствувавме како тиква без корен. Иако постигнуваше одлични резултати како јуниор, никогаш ништо не успеавме да завршиме во својата земја додека не почна да освојува големи турнири. Тогаш се приклучија разни политичари, квазитренери и луѓе кои немаат никаква врска со неговиот успех. Сепак политиката не успеа да не искористи, ниту може, иако имаше обиди“, изјави Срѓан Ѓоковиќ.
Дијана и Срѓан во ексклузивно интервју за хрватските медиуми испратија и голема порака за мир. Поопширно прочитајте тука.