Овој додаток во исхраната има повеќе железо од спанаќот: го користи и Новак Ѓоковиќ – го подобрува имунитетот, видот и нервите
Спирулина е алга која што го подигнува имунитетот, го чисти организмот, ја подобрува крвната слика и има позитивно влијание на целиот организам.
Еден од најстарите жители на нашата планета е малата модро-зелена алга, со спирален облик.
Во езерата и океаните живее повеќе од три милијарди години. Тоа е спируална алга која што во некои делови од светот, позната е како ”зелена крв” затоа што го чисти организмот и ја зголемува енергијата.
Многу од древните народи ја користеле за лечење и зајакнување на организмот.
Оваа алга е позната како најбогат извор на бета каротен затоа што го содржи 10 пати повеќе отколку морковот.
Таа исто така во себе ги содржи и сите девет есенцијални масни киселини.
Богата е со витамини и минерали, а една доза спирулина во таблета содржи повеќе железо отколку две шолји спанаќ.
Ги штити нервите и видот
Оваа алга содржи зеаксатин – моќен антиоксиданс кој е погоден за нервен систем и очите. Делотворна е и при труење со тешки метали, затоа што ги врзува, а потоа помага во нивно исфрлање од телото. Ефикасна е и против штетно зрачење.
Помага во слабеење
Алгата помага и во борбата со килограми затоа што брзо создава чувство на ситост. Ја дава потребната енергија, а не содржи шеќер. Спирулината има највисока застапеност на протеини од било која друга храна. Во нашата земја а и во регионот може да се најде во форма на капсули или прашак. Ги препорачуваме капсулите од Natura Therapy, извор на широк спектар нутриенти и специфични елементи кои се неопходни за детоксикација, за крвните клетки и подобрување на циркулацијата и метаболизмот во целина. Со редовна употреба на Спирулина капсулите внесуваме: јод, магнезиум, железо, калиум и други минерали кои се важни за продукцијата на хемоглобин и подобрување на квалитетот и функцијата на црвените крвни клетки.