Впечатоци од Келн: Пробиотската линија на Виталиа го освојува светот!

Се’ поголемата свест за сопственото здравје и правилната работа на метаболизмот од пробиотиците направи вистинска супер-ѕвезда на модерната исхрана. Бенефицијалните својства на пробиотиците помагаат за подобро варење на храната и го зајакнуваат имунитетот, па затоа толку често се една од првите препораки на нутриционистите. Во последните неколку години токму храните кои содржат пробиотски својства станаа новиот тренд на здрава храна, а присуството на ваков тип производи предизвика и огромен интерес кај посетителите на најголемиот кондиторски саем ISM Келн, кој се одржа месецов.

Пробиотици се всушност добри бактерии кои имаат позитивен ефект на здравјето на вашето тело и му помагаат да работи правилно. Тие постојат во организмот заедно со штетните бактерии и го одржуваат балансот на организмот, со што овозможуваат правилна дигестија и чувство на леснотија во внатрешноста.

На саемот ИСМ Келн, вниманието посебно го привлече македонската компанија Виталиа со својата нова линија ПРОБИОТИК која претставува иновација во категоријата на примена на пробиотици и технологијата на производство на продукти од ваков тип.

PROBIOTIC линијата е составена од два вида на производи: Пробиотски колачиња и Пробиотски овесни каши, кои се извор на протеин и растителни влакна, а притоа не содржат додадени шеќери. Повеќе од 3 милијарди пробиотици и 5 различни бактерии добри за желудникот се содржани во пробиотската линија на Виталиа, што ја сместува оваа линија производи во редот на суперхрани. Поради иновативниот пристап во производството на оваа линија, Виталиа го доби и престижното признание за иновативност на овогодинешниот саем ISM Келн, што е уште една потврда за придонесот на Виталиа кон развојот за популаризирање на пробиотската храна и со тоа правејќи ја достапна за што повеќе луѓе.

Виталиа е редовен учесник на саемот ISM Келн и неговите посетители веќе знаат дека секоја година можат да очекуваат инвентивни нови производи и решенија од македонската компанија. Но, оваа година таа го сврте вниманието и на германските медиуми и блогери, кои одблизу известуваа за производите на Виталиа, па пробиотската линија се најде дури и на Инстаграм профилот на еден од најпопуларните блогови во Германија, @foodnewsgermany.

Саемот ISM во Келн траеше од 29.01 до 01.02.2022 година. Своето учество на саемот Виталиа го зачини и со гостување во Innovation Room, каде освен пробиотската линија,  ги претстави и своите протеински кремови. Повторно, се работи за линија производи која е богата со протеини и без додадени шеќери, а која може да се консумира како здрав десерт или ужина за одржување на нивото на енергија во текот на денот.

Translate »