„ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА“ ПРОТИВ ЈАНША: Демонстранти синоќа насилно се обиделе да влезат во парламентот на Словенија!

Како што пренесува ХИНА, словенечката полиција соопштила дека седумината се казнети заради кршење на јавниот ред и мир.

После тоа тие се пуштени, а полицијата продолжила да собира сознанија дали пред парламентот биле извршени и кривични дела.
Според наводите на полицијата, до инцидентот дошло синоќа околу 20 часот кога повеќе демонстранти собрани во центарот на градот, се обиделе да ја урнат оградата пред парламнтот и и се спротивставиле на полицијата која се обидела да ги спречи.

Проценки на полицијата се дека во демонстрациите учествувале пет илјади луѓе, додека „невладанините“ организации и различни групи кои бараат оставка од Владата на Јанша, нешто слично како и македонската „Шарена револуција“ проценуваат дека имало двојно повеќе луѓе.

Translate »