Дали знаете кој е македонскиот Меси?
Она што беше Мохамед Салах за Египет, Мартин Одегард за Норвешка, Ален Халиловиќ за Хрватска, Џердан Шаќири за Швајцарија… за Македонија беше Иван Настевски. Кога напаѓачот имаше 17 години, покажуваше врвна вештина како член на Македонија ЃП и многумина беа импресионирани од неговата игра. А, истовремено, личеше и на Аргентинецот поради неговата фризура и градба.
ivan-messi.jpg
Сторијата за Иван Настевски дојде и до УЕФА, која во репоратажата во 2014 година наведе дека токму тој е „македонскиот Меси“, кога ги бираше играчите кои се со карактеристики на Аргентинецот од сите европски земји. За жал, кариерата на Настевски не се движеше според предвидуваниот пат, па немаше силен интернационален трансфер, иако тој се поврзуваше со екипи во Шпанија во младоста и беше на проба на неколку места, меѓу нив и Еспањол.