Кинески хороскоп за 2018 година

Некои ќе добијат финансиска сатисфакција, некои ќе се вљубат годинава, некои ќе ги реализираат своите цели. Ова ќе биде незаборавна година за многу знаци.

Глушец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

Финансии –  Родените во овие години нема да имаат многу успешна година кога станува збор за финансиите, барем не во првиот дел од годината. Треба да бидете многу внимателни и да покажете одговорност, зрелост и подготвеност да донесете мудри одлуки. Од средината на годината, паричната ситуација ќе се подобри и приходите ќе се зголемат, затоа не се грижете. Ќе сфатите дека трудот и напорната работа се исплатат.

Љубов – 2018 носи многу изненадувања во вашиот љубовен живот. Ќе постојат периоди и можности за промени, но ќе успеете и да стапите во бракот, доколку подолго го очекувавте тоа. Реално, работите ќе си дојдат на свое место.

Здравје – Можни се проблеми со кожата поради постојан стрес и нервоза, што може да доведе и со оштетување на видот. Особено ќе бидат тешки првите години, па потрудете се да го намалите стресот.

Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

Финансии –  Оваа година ќе донесе финансиска награда за изминатиот труд. Верувајте во себе и не дозволувајте некој да ви држи предавања. Докажавте дека самите можете да се изборите за своето место и продолжете така. Сите награди пофалби се резултат на вашиот труд. Продолжете напред!

Љубов – Воловите се многу посветени и верни, така што оваа година тие ќе бараат личност слична на нив. За жал, тоа ќе биде тешко, па дури и невозможно. Но, не се откажувајте.

Здравје – Благодарение на здравите навики, здравјето ќе ви биде идеално во текот на целата година. Само така продолжете.

 

Тигар ((1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

Финансии –  Треба да водите сметка за трошоците, да внимавате и два пати да размислите пред да одлучите нешто да купите. Вие сте многу амбициозни и вредни и во состојба сте да се борите за тоа што го сакате. Внимавајте да не влегувате во ризични работи.

Љубов – Без оглед на вашата емоционална состојба, љубовниот живот во 2018 година ќе ви биде полн со различни содржини. Ве очекува успех во љубовта!

Здравје – Треба да се посветите себеси, да ги промените животните навики, особено кога станува збор за храната и физичката активност.

Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

Финансии –  Вие сте личност која не се срами и не се плаши од работа, а сето тоа го правите за да не морате да се грижите за пари во животот. И ако продолжите со напорна работа, тоа никогаш нема да ви биде проблем. Бидете свесни сепак, не ги трошете парите на непотребни работи.

Љубов – Зајакот нема да успее да го доживее саканиот успех во текот на оваа година, кога станува збор за љубовниот живот. Ќе имате можност за почеток на нова емоционална врска, но на таа нема долго да трае.

Здравје – Тоа што може да ви прави проблеми во 2018 е стресот и претераната нервоза. Променете го своето однесување и почнете да се грижите за себе.

Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

Финансии –  Вам ви е важен статусот во општеството повеќе од парите, но всушност поради желбата да се докажете во најдобро светло пред другите, ќе имате амбиција да бидете што подобри и поуспешни. Сепак внимавајте на трошењето, а избегнувајте ја соработката со сомничави лица.

Љубов – Доколку не сте во емоционална врска, ќе имате можност да ја најдете својата вистинска љубов оваа година. Со саканата личност ќе воспоставите успешен однос и тоа ќе ви помогне да напредувате во љубовта.

Здравје – И покрај многуте обврски, здравјето ќе ве служи во текот на 2018 година. Единствено ќе ви пречи стресот, но со редовен одмор ќе го надминете без проблеми.

Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

Финансии –  Ова ќе биде награда за вашиот труд од изминатиот период. Ќе чувствувате дека сте спокојни и среќни, како на приватен, така и на професионален план. Бидете прилагодливи и не покажувајте тврдоглавост особено пред луѓето кои не ве познаваат.

Љубов – Вашиот најголем страв е да не бидете повредени, па во текот на 2018 многу ќе внимавате, кога станува збор за емоциите. Тешко е да ве импресионира некој и нема да бидете претерано заинтересирани за љубовта.

Здравје – Здравјето ќе ви биде добро, но можни се проблеми со здравјето на ваши блиски. Така ќе сфатите дека здравјето е најважната работа на светот и ќе бидете повнимателни.

Коњ (1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

Финансии –  Ќе ја имате поддршката од ѕвездите во текот на оваа година. Ќе бидете заинтересирани за инвестирање и тоа ќе ви донесе успех. Бидете претпазливи и детално водете сметка за парите. Не претерувајте.

Љубов – Во љубовта треба особено да бидете внимателни, за да не донесете непредвидени одлуки и потези кои можат да ви донесат проблеми со партнерот. Тоа особено се однесува на неверствата и лагите.

Здравје – Освен стресот и напнатоста, вашето здравје ќе биде одлично. Посветете се повеќе себеси, опуштајте се почесто и не паѓајте на провокации. Клучот лежи во позитивното размислување.

Коза (1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

Финансии –  Ќе имате многу можности за подобрување на вашата сметка, но на вас ќе остане дали ќе ја искористите можноста која ви се нуди. Ќе се трудите да заштедите колку е можно, бидејќи ќе имате зацртани планови кои сакате да ги остварите.

Љубов – Кога станува збор за љубовта, ни сами не знаете што сакате. Моментално сте фокусирани на работата, така што не сакате да губите време на други луѓе.

Здравје – Вие сте склони кон занемарување на сопственото здравје, бидејќи повеќе водите сметка за другите отколку за себе. Променете го тоа и ослободете се од нездравите навики.

Мајмун (1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

Финансии –  Во текот на целата година ќе имате многу пари, но и ќе научите како да управувате со финансиите. Можеби ќе купите некаков имот или нешто што не сте планирале. Среќно!

Љубов – Оваа година ви носи можност за нова љубовна врска. Ако сте веќе во брак или сериозна врска, вашиот однос ќе доживее потешкотии, но само треба да бидете искрени и да не паѓате во искушенија, кои можеби ќе ви бидат понудени од други луѓе.

Здравје – Во текот на 2018, највеќе ќе се фокусирате на наоѓањето на внатрешниот мир и спокој. Ќе ви годи мирот, тишината и изолацијата од другите. Така ќе соберете енергија за сите нешта кои треба да ги завршите.

Петел (1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

Финансии –  Оваа година ќе треба да се научите да се прилагодите на другите, да ги искорените своите стравови и да не се плашите од парите. Опуштете се и финансиите ќе почнат да течат по својот тек.

Љубов – Оваа година ви многу страсти, искрена љубов и среќа. Ќе имате многу можности за наоѓање на својата сродна душа, но сепак бидете внимателни и не се залетувајте.

Здравје  – Стресот би можел да ви донесе сериозни физички и психички проблеми доколку ги занемарувате проблеми и не вежбате. Анксиозноста ќе се развие многу повеќе, ако не направите ништо.

Куче (1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

Финансии –  Ве очекува одлична финансиска година, а сето тоа е резултат на минатогодишниот труд и работа. Ќе успеете да си дозволите се што ќе посакате, само советувајте се кога ќе правите големи трошоци. Бидете рационални

Љубов – Кога станува збор за емоциите, ќе поминете низ многу промени и искушенија. Доколку сте во брак или сериозна врска, бидете верни бидејќи можете лесно да ја изгубите личноста која ја сакате, поради обична авантура. Тоа би значело крај. Ако сте слободни, лесно ќе се заљубувате, но треба да знаете дека тоа брзо ќе поминува.

Здравје  – Ве очекува одлично здравје. Продолжете да се храните и да водите сметка, но не претерувајте.

Translate »